Водич за мрзливи девојки: Еве како да ослабете без напор

Ако сакате да го изгубите вишокот килограми, потребен ви е многу напор и пролеана пот.

Но, доколку спаѓате во категоријата на мрзеливи девојки и едноставно не сакате да броите калории и да трчате, ние за вас најдовме неколку алтернативни начини како до помалку килограми без многу труд.

Ако се придржувате до овие едноставни правила секој ден, лесно и без теретана ќе дојдете до посакуваната форма.

1. Пред секој оброк испијте чаша вода

Пред секој оброк настојувајте да испиете една чаша вода.
На тој начин ќе бидете хидрирани и ќе чувствувате ситост- па нема ни да се прејадувате.

2. Внесете мали промени во исхраната

Наместо мрсен мајонез и калорични преливи, салатата прелијте ја со јаболков оцет или лимонов сок.

Наместо сушено одлучете се за свежо овошје.

3. За десерт изедете парче темно чоколадо

Доколку порано за десерт на вашата секојневна листата беше чоколаден кекс, желбата стивнете ја со коцка темно чоколадо.

Можеби на самиот почеток нема да ве задоволи, но на долг напор ќе го намалите шеќерот во организмот.

4.Внимателно контролирајте се колку јадете

Ако сакате да ослабете, придржувајте се на количината на храна која ја внесувате.

Не јадете директно од ќесе, измерете се што внесувате.

5. Движете се повеќе

Дури и ако не посветувате внимание на вежањето, екстра калории може да согорите секогаш.

На пауза за време на работниот ден, одете по скали наместо со лифт…паркирајте малку подалеку од работното место како би можеле да пешачите некоја минута повеќе.

6. Збогувајте се со калоричните пијалоци

Сите овие бескрајни калории сметајте дека се лепат на Вас ои не планираат да одат нигде.

Држете се за промена до овошниот пијалокот, кој од една страна ќе ве стопи и од друга максиимално ќе ве освежи.