Водителот на Fox News, Рејмонд Ајоро стана хит на Интернет откако се обиде да направи “селфи” со својата колешка, водителката Лаура Инграм.
Рејмонд додека фотографирал паднал од столот во студиото, а реакцијата на неговата колешка ги изненади сите. Имено, тие донеле пиво во студио со цел да наздрават за номинацијата на Брет Кавано за претседател на Врховниот суд во САД, а тоа Ајоро сакаше да го овековечи со фотографија.
Во тој момент тој паднал од столот, а неговата колешка само продолжила да ги води вестите.
Поради тоа се најде на мета на критичарите, но подоцна на Твитер објави дека всушност стануваше збор за шега.
The @IngrahamAngle TONIGHT: The truth behind #FallGate, the viral moment that has everyone asking: real or staged? And we'll discuss the #AMAs and an evicted emotional support animal. @FoxNews 10:30pm E. pic.twitter.com/5Qft3bYUXa
— Raymond Arroyo (@RaymondArroyo) October 11, 2018