Волшебен тунел кој крие интересна приказна (видео)

Португалскиот планински венец Сера де Естрела крие огромен вир кој изгледа како премин во некоја друга димензија.

Станува збор за дел од постројката на хидроелектраната на највисокиот планински венец во Португалија, познат под името Ковао до Кончос.

Тунелот е изграден во 1955 година и долг е 1.519 метри, а ја влече водата од реката Навес до браната во лагуната Комприда.

тунел

Опкружен е со стебла и трева, па влезот изгледа како некој митски портал од легендите.

Бидејќи уште не е толку популарен, ако се одлучите за малку подолга планинарска тура, можете да уживате во целосен мир и планинска осаменост.