Сцените од филмот „Враќање во иднината” станаа реалност, откако автомобил полета во Јапонија. Прототипот, направен во компанијата НЕЦ во Токио, повеќе личи на голем дрон отколку на типичен автомобил. Тој има четири пропелери и е наменет за испорака. Според новинските извештаи, беспилотното возило се кренало 10 метри од земјата и летало околу една минута во специјално направен кафез во објект на компанијата во Абико, Јапонија.
„Ние во НЕЦ веруваме дека ќе се случи револуција во патувањето со летечките автомобили”, рече Норихико Ишигуро, потпретседател на компанијатаза Асошиејтед Прес. „Кога ќе дојде тоа време, ние сакаме да обезбедиме технологија и услуги како основа за менаџирање на сето тоа“.
Технолошки се уште потребно е да се направат поголем број измени и подобрувања во однос на траењето на батеријата, безбедноста и регулативата. Но, технологијата „Евтол“ – или „електрично вертикално полетување и слетување“ – треба да биде поевтина, потивка и подостапна од хеликоптерите и може да се користи за заобиколување на сообраќајот во пребукираните градови. Плановите се овваа технологија до 2023 година да се користи за пренос и испоака на стоки, додека од 2030 година да биде достапна и за секојдневно патување.
,,Враќањето во иднината досега беше само сон, Но, со иновации во моторите и батериите, време е тој да стане реален“, рече Фумиаки Ебихара, јапонскиот министер за економија.