Вреди 12 милиони долари: Ѓерданот кој Лејди Ди го носела пред смртта оди на аукција

И 20-години по нејзината смрт светот сеуште зборува за стилот на Лејди Ди, а нејзините парчиња накит достигнуваат огромни суми на аукциите.

Последното парче кое ќе биде понудено на продажба е дијамантскиот накит „Swan Lake“.

Лејди Ди овој гердан последен пат го носела во јули 1997-ма година точно пред нејзината смрт.

принцеза дијана

Рачно изработениот ѓердан содржи 178 дијаманти, а името „Swan Lake“ го добил бидејќи принцезата го носела на балетската претстава „Лебедово езеро“ во лондонската Албер Хол.

Од аукциската куќа „Guernsey“ очекуваат герданот да достигне цена од 12 милиони долари.

принцеза дијана