Вреди 2 милиони долари: Ова е најскапиот фустан некогаш носен на „Оскари“

Во пресрет на Оскаровската ноќ, со нетрпение ги очекуваме големите филмски победници, но и дамите кои ќе блеснат на црвениот тепих.

Па доколку направиме ретроспектива низ годините, ќе дојдеме до најскапиот фустан кој некогаш бил облечен на црвениот тепих.

Истиот го носеше Никол Кидман во 1997-ма година, а беше дизајниран од Џон Галијано (за време на работата во „Диор“) и чини 2 милиони долари.