ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА: Доаѓа врел бран, УВ индексот многу висок

Tериторијата на нашата држава ќе биде под влијание на значително потопла воздушна маса која продира од јужните географски широчини и истата ќе услови позначителен пораст на температурите на воздухот во текот на следните денови кој ќе се искачуваат во интервалот некаде од 25 до 33 – 34 степени.

Времето ќе биде претежно сончево со мала локална облачност додека во попладневните часови има услови за локална појава на краткотраен пороен дожд, грмежи, засилување на ветерот а не се исклучува можноста и за редок град.

Токму ова ќе услови и ЕКСТРЕМНО ВИСОК УВ ИНДЕКС кој ќе има коефицитен некаде од 10 до 11 па така на граѓаните ги советуваме и предупредуваме доколку излегуваат ЗАДОЛЖИТЕЛНО со себе да си понесат заштитна опрама односно капа и наочари за сонце и да пијат што повеќе течности, стои во прогнозата на Славчо Поповски.