Денеска времетво во Македонија ќе биде сончево и топло со умерена облачност, a околу пладне и попладне на повеќе места се очекува нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со пообилни врнежи, силен ветер и појава на град.
Утринската температура ќе се движи од 12 до 19, а дневната од 24 до 33 степени. УВ-индексот ќе изнесува 7.
Во Скопје слично време, сончево и топло со умерена облачност. Попладне нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 17, а дневната ќе се искачи до 31 степен.