Временска прогноза: Тропско време со повремен дожд и грмотевици

Топлото и спарно време со температури до 39 степени ќе се задржи во земјава до крајот на неделава. Од денес до недела се очекува да се достигнат највисоките температури за оваа недела.

Најниските утрински температури ќе бидат околу 12 степени.

До средината на неделата претежно во попладневните часови понекаде ќе има појава на изолирана нестабилност со пороен дожд, грмежи и услови за појава на град, соопшти УХМР.