YouTube ја тргна рекламата за овој хорор поради стравот кај луѓето

Хорор филмот The Nun многумина веќе го прогласија за најстрашниот филм за 2018 година, а како што се ближи датумот за неговото премиерно прикажување во кината, авторите на истиот одлучија „да ја засилат играта“ со рекламна промоција на YouTube која се појавува пред видеата на таа платформа.

И на тој начин квалитетно успеаја да ја преплашат популацијата на социјалните мрежи.

Мини рекламата на YouTube трае пет секунди (за да не можете да ја прескокните со опцијата „skip ad“ која се појавува после токму пет секунди од почнувањето на рекламната порака) и на оние кои ја погледнаа им приреди хорор каков ни самиот филм нема да им приреди.

Почнува со предупредување за гледачите да го намалат звукот на своите компјутери, после што во дел од секундата се појавува сцена од филмот проследена со морничав крик.

Ова би било во ред доколку рекламата им се појавуваше само на оние гледачи кои се обожаватели на хорор филмовите или кои на YouTube гледаат снимки со слична содржина.
Но, таа изгледа се појавува пред некои сосема поразлични содржини и практично ги тероризира „јутјуберите“.

Работата отиде толку далеку што реагираа и ја тргнаа контроверзната реклама.

Инаку, The Nun е „спин-оф“ на морбидниот хорор „The Conjuring“. „Кога млада калуѓерка во опатија во Романија ќе изврши самоубиство, Ватикан праќа свештеник со мрачно минато и еден научник за да ја истражат нејзината смрт“, стои во описот на хоророт кој во кино салите стигнува во септември.