За долг живот, јадете готвена храна

Готвените јадења го продолжуваат животот, покажала една студија.

Луѓето кои готват пет пати неделно имаат 47% повеќе шанси да бидат живи после 10 години.

„Стана јасно дека готвењето е здрава навика“, вели професорот Марк Валквист и додава:

„Таа заслужува место во образованието во текот на животот, политиката, јавното здравје и планирање на потрошувачката кошничка“.

Истражувачите анкетирале 1.888 мажи и жени постари од 65 години кои живеат во Тајван. На почетокот на студијата тие ги интервјурирале учесниците во врска со неколку фактори на начин на живот, вклучувајќи ги и навиките за готвење, условите во домаќинството, навиките во купување, исхрана, образование, пушење на цигари.

На почетокот откриле дека 43% од учесниците никогаш не готват, 17% готват еднаш или два пати неделно, 9% готват 3-5 пати неделно и 31% готви пет или повеќе пати дневно.

После 10 години, повторно ги интервјуирале оние кои сеуште биле живи. Се покажало дека готвењето е во тесна врска со долгиот живот. Покрај готвењето, се открило дека ќе живеете подолго и ако купувате во продавница, се возите со јавен превоз, не пушите цигари и ако сте жена.

„Патиштата кон здравјтето кои ги овозможува храната не се ограничени само на нејзините хранливи состојки, туку и нејзиното производство, купување, подготвување и јадење“, додал Валквист.