За инает на Трамп: Кети Пери донираше 10.000 долари на гинеколошките клиники

Кејти Пери донираше 10.000 долари на гинеколошките клиники кои наовоизбраниот претседател на САД ги нападна во кампањата и сака да ги укине.

„Зборовите треба да се претворат во дела, а посебно кога станува збор за борбата против Трамп. На клиниките за женско здравје им донирав пари, бидејќи жените наскоро ќе бидат меѓу најранливите групи на општеството“, рекла Кејти Пери.

Кејти Пери истакна дека абортусот и понатаму е легален и дека така мора да остане.

Кети Пери и Хилари Клинтон

„Во клиниките за женско здравје се добиваат лекови, контрацепција и едукација. Јас како тинејџерка таму научив како функционираат работите и како можат да заштитат, бидејќи моите родители немаа пари за осигурување“, изјавила пејачката.

Бројни славни личности се незадоволни од изборот на претседателот кој го нарекуваат ксенофоб, расист и женомрзец па се организираа и сакаат парично да им помогнат на здруженијата кои им помагаат на жените, сиромашните, имигрантите или ветераните.

Кети Пери, Хилари Клинтон