За Кејт Мидлтон принцот Хари е херој: Ова е причината

Кејт Мидлтон и принцот Хари успеваат да одржат одлична врска помеѓу пријатели и семејство, а последната изјава на војводката само ќе го потврди тоа.

Кејт оваа недела се сретна со учесниците во лондонскиот маратон и разговараше со Џејми Малој, професор во Viking Primary School во западен Лондон.

„Сите зборуваат за менталното здравје бидејќи принцот Хари реши да зборува на оваа тема и кажа нешто со кое сите може да го доживееме или сме го доживеале – смрт во семејството. Луѓето навистина се изненадени од принцот и сега повеќе од било кога ја чувствуваат неговат болка која ја криел по смртта на Лејди Ди“, и се обрати професорот на Кејт.

По оваа емотивна изјава, војводката имаше само едно да каже за Хари:

„Апсолутно се сложувам. Тој е неверојатен! За мене Хари е херој, бидејќи конечно проговори за неговата ментална состојба по смртта на неговата мајка“.