За само 10 секунди: Како да го разладите автомобилот кој цел ден бил паркиран на сонце

Како брзо да го разладите автомобилот, дури и ако немате клима уред?

Во автомобилите во овој период од годината е тешко да се седи затоа што температурата е исклучително висока.

Но, за само 10-тина секунди тоа ќе биде можно со помош на овие трикови кои проверено делуваат:

Се што треба да направите е:

1. Да го спуштите прозорот на возачката страна и да ја затворите вратата

2. Совозачката врата да ја отварате и затварате неколку пати

Температурата во внатрешноста на автомобилот проверено се спушта и за 10 степени.