После 2 години откако „Fifty shades of grey“, ја имаше својата премиера на филмските платна, неговото продолжение „Fifty shades darker“, ќе може да го гледате во кината иднава година.
Во втората книга на Е.Л. Џејмс, Анастасија и Кристијан ја продолжуваат својата романса, но на понежен начин.
Публиката ќе научи повеќе за минатото на Кристијан, како и за неговата фамилија и поранешни љубовници.
„Fifty shades darker“, ќе ја има својата премиера на 10 февруари 2017 година, точно за „Денот на вљубените“