Тамара Тодевска и нејзиниот сопруг Александар Димитриовски на 29-ти април станаа горди родители на прекрасната Хана.
А, по раѓањето на првата ќерка како што е редот тато Мачка направи мекици.
На Фејсбук прва мекиците ги најави Тамара која објави преслатка фотографија од декорацијата во ресторанот, а подоцна се појавија и останати фотографии од прославата.
Кумот Сефер Цановски заедно со Мачка беа помеѓу највеселите, а тоа го потврдуваат и нивните фотографии, но и видео од забавата.