Алана Мартина, ќеркичката на најпознатиот фудбалер на планетава Кристијано Роналдо, го прослави својот втор роденден.
Вереницата на Роналдо, сподели фотографија на која позира во друштво на нејзината ќерка, но и со осумгодишниот син на Кристијано и неговите едногодишни близнаци Ева Марија и Матео.
Додека момчињата се маскирани како филмски суперхерои, девојчињата носат костуми од принцези.
„Среќен роденден, животе мој. Те сакаме“, напишала Георгина, а и гордиот тато споделил скоро идентична фотографија.