Компанијата Google ја лансираше својата нова апликација за допишување „Ало“.
„Ало“ е достапна за Андроид и за ИОС.
Апликацијата е комбинација од најдобрите работи на Google, а тоа се можност за предвидување и брзо пребарување, кои се искомбинирани со личен асистент.
На прв поглед „Ало“ потсетува на останатите апликации како Вибер и Whatsapp, пријавувањето е преку телефонскиот број, а потоа апликацијата ги скенира вашите контакти.
Покрај текстуалните пораки, корисниците ќе можат да разменуваат звучни пораки, фотографии, локација, видеа и др.
Главната предност на оваа апликација е вештачката интелигенција која доаѓа со опцијата „smart replies“.
Gоогле оваа опција ја комбинираше и со препознавање фотографии, па „Ало“ ќе може да ви препорача одговор и на слики.