Забранет остров: Овде никој не смее да оди

Постојат неколку „животински острови“ кои би било паметно да ги избегнувате, но еден посебно се истакнува.

Иако Островот на змиите е најпознатото место на кое „владее“ еден животински вид, тоа не е единствениот животнски остров.

Свињи, зајаци, фоки и ракови се само некои од животните кои си ги одбраа нивните копнени царства, но не е многу пријатно да се посети оној остров каде контролата ја имаат змиите.

Само да знаете, Островот на змиите се наоѓа недалеку од крајбрежјето на Бразил, а толку е опасно што дури и бразилската војска строго го забрани влезот.

Имено, на него се наоѓаат најмногу отровници на едно место, па се проценува дека на секој квадратен метар има по една.