Скандалозната грешка на самиот крај на доделувањето на Оскарите уште е главна тема, а сега е откриен и твит кој може да открие кој е одговорен за овој гаф.
„Прајсвотерхаус Куперс“, која веќе со децении е задолжена за броењето на гласови за Оскарите и принтањето на пликоата со имињата на победниците, соопшти дека ја превземаат целата одговорност за грешката и објаснија дека еден од нивните партнери Брајан Кулинан, по грешка му го дал на Ворен Бити резервното плико за најдобра актерка, наместо тоа за филм.
#TBThursday – 87th Oscars Red Carpet. Our PwC group pic gets photo bombed first by Chrissy Teigen then hubby, John Legend. #pwc #Oscars pic.twitter.com/ETijDf3Xk9
— Brian Cullinan (@briancullinan_) February 24, 2017
Интересно е дека непосредно пред прогласувањето на победникот за најдобар филм, Брајан на својот профил на Твитер од бејкстејџот објавил фотографија од Ема Стоун дека добила Оскар за најдобра актерка.
Се претпоставува дека Калинан додека ги проверувал нотификациите случајно зел погрешно плико, а што се случи потоа знаете.
Тој фотографијата од Ема Стоун потоа ја избришал од својот профил.
@briancullinan_
Why u deleting evidence dude?
Based on that time stamp,
You're gunna have a hard time explaining this…… pic.twitter.com/CkHFzHBybR— anita nedley (@nita2293) February 28, 2017