Една од салатите која е препознатлива за Новата Година и празниците и се подготвува е пилешката салата.
Вкусна салата која брзо се подготвува …
Потребно е:
1 пиле, сварено и исчистено од кожа и коски или 4 парчиња пилешки гради
3 големи компири, сварени и исечкани на коцкички
3 големи моркови, сварени и исечкани на коцкички
6 големи кисели краставички, исечкани на коцкички
2 сварени јајца, исечкани на коцки
250 мл кисела павлака
1 тегла мајонез
1 лажица сенф
сол, бибер
Подготовка:
– Пилешкото месо откако ќе се свари и олади, раздвојувајте го на поситни парчиња со раце.
– Во длабок сад ставете го месото и останатите состојки. Ставете мајонез и сенф, зачинете и измешајте.
– Оваа салата се јаде ладна и најубаво е отстои во фрижидер неколку часа пред да ја послужите.
Забелешка: Ако сакате да ја збогатите салатата може да ставите и сварени ситни макарони или тарана. Така пилешката салата ќе добие во густина и секако, ќе биде многу вкусна.