Задоволен од престојот: Роналдо оставил 20.000 евра бакшиш за персоналот на хотелот во Грција

Фудбалската ѕвезда Кристијано Рналдо заедно со неговото семејство првиот дел од одморот го помина во луксузен хотел на југот на Грција.

Изнајмувањето на претседателскиот апартман за еден ден фудбалерот го чинеше 9.000 евра.

„Кристијано Роналдо бил задоволен со услугата и на персоналот на хотелот, кој неговиот одмор го направил совршен, а кој не им допуштил на папараците да бидат ниту блиску до нив, па како благодарност им дал бакшиш од 20.000 евра“ пишува шпански „АС“.

Португалецот одморот го продолжи на француската ривиера, во Сент Тропе.

Наскоро Роналдо ќе мора да се врати во Торино затоа што екипата тргнува на летна турнеја.