Заљубени до уши: Селена Гомез и The Weeknd во Аргентина

Селена Гомез и The Weeknd во врска се два ипол месеци, а нивниот љубовен занес сеуште трае.

Парот моментално е во Аргентина, поточно Буенос Аирес каде беше фотографиран како ужива во убавините на градот.

24-годишната пејачка и 27-годишниот музичар во опуштено издание со насмевка на лицето се шетаа заедно.