Запечена палента со домати

Состојки:

7 чаши вода
1 и 2/3 шолја палента
1 шолја чери домати, сечени по должина
2 лажици рендан пармезан
2 лажички сол
1 лажица маслиново масло
6 листа свеж босилек

Подготовка:

Во сад ставете ја водата на среден оган и оставете да зоврие. Додадете сол и полека додавајте од палентата со постојано мешање. Намалете го огнот и мешајте додека палентата се згусне. Истурете ја на хартија за печење и оставете да се излади. Потоа исечете ја на коцки.

Загрејте ја рерната на 250 степени. Ставете ги парчињата палента на мрсна хартија за печење и секоја коцка намачкајте ја со маслиново масло. Печете 5 минути.
Извадете ја палентата од рерната и на секое парче ставете една половинка од чери доматите, малку пармезан и ливче босилек.
Печете уште 5-10 минути, додека пармезанот се истопи. Декорирајте со оригано и послужете веднаш.

палента