Состојки:
3 средни компири
3 јајца
200 мл кисела павлака
100 гр крем сирење
100 гр рендан кашкавал
мелен сув зачин
сол, бибер
Подготовка:
– Компирите излупете ги и исецкајте ги на коцкички. Ставете ги да се варат во солена вода. Кога ќе бидат варени исцедете ги од вишокот течност.
– Изматете ги со електричен миксер трите белки и додадете ја павлаката, крем сирењето, ренданиот кашкавал и на крај жолчките. Измешајте за се соединат сите состојки и додадете ги сварените компири и зачините по вкус.
– Горната смеса сипете ја во подмачкана со масло огноотпорна тава и ставете да се пече во претходно загреана рерна на 180 целзиусови степени додека не добие убава златно-кафена боја.