Запечени макарони со мелено месо и шампињони

Состојки:

1 кеса макарони
500 грама мелено месо
400 грама шампињони
1 главица лук
Сол, бибер, малку масло
1 тегла (900 грама) доматен сос
200 грама рендано сирење

Подготовка:

Загрејте ја рерната на 200 степени.

Тестенините сварете ги во солена вода, исцедете ги и премијте со ладна вода за да не се залепат.

Додека се варат макароните, подгответе го сосот. Шампињоните исецкајте ги тенки и додајте го месото. Динстајте на тивок оган се додека печурките не омекнат. Кога е се готово, додадете го доматниот сос. Зачинете.

Пропржете па додајте ги макароните.

Сето ова фино измешајте го и ставете во тава за печење која ќе ја премачкате со путер. Посипете со рендано сирење и ставете ја тавата во печка.

Печете се додека сирењето не се стопи и почне да добива боја.

макарони