Започнете го денот со чаша вода и банана

Диетата позната како утринска банана е едноставна и неверојатно лесна за спроведување.

Единствено што треба да направите е да го започнете денот со појадок составен од една банана и вода на собна температура.

Творците на овој режим на исхрана тврдат дека оваа навика може значително да ви ги намали килограмите без оглед на тоа што јадете во текот на денот.

Одговорот зошто оваа диета толку добро „функционира“ е во фактот дека бананите го поттикнуваат варењето и го забрзуваат метаболизмот.

Исто така, бананата е богата со вид на скроб кој има низок гликемиски индекс, долго се вари, дава чувство на ситост и делумно ја блокира апсорпцијата на јаглехидрати.

Лицата кои ќе се одлучат за оваа диета се советуваат да вечераат и пред 20 часот, како и да го избегнуваат десертот по вечерата.

Забранети намирници се и млечните производи и алкохолот.

Бананите мора да бидат свежи, не печени или замрзнати.