Започнете го денот со утринско џогирање, телото ќе ви биде благодарно!

Трчањето е едноставна и економична физичка активност со која без гладување ќе ослабете здраво и ќе го затегнете вашето тело.

Придобивките од џогирањето се :

– Ја подобрува кардиореспираторната активност на срцето

– Го подобрува функционалниот капацитет на белите дробови

– Ги зајакнува коските

– Го намалува нивото на стрес

– Го зголемува лачењето на ендорфин

– Дава поголемо чувство на сила и енергија

– Го намалува интензитетот на главоболката

– Заради подобриот физички изглед, се зголемува самодовербата

Доколку одлучите рекреативното трчање да стане ваша секојдневна навика, летото е совршено време за тоа, но, секако, во утринските часови, кога времето е посвежо.

Станувањето рано наутро има многу предности, како и здравствени придобивки, од намалување на ризикот од карцином на дојка до намалување на крвниот притисок.

Но она што не е занемарливо е и тоа што на тој начин се создава здрава навика, на која е полесно да и се посветите во овој период, отколку во попладневните или вечерните часови.

Наутро не сте оптоварени со настаните што се пред вас, па затоа ќе бидете многу поподготвени да излезете и да направите нешто за себе, отколку што би правеле кога ќе се вратите дома по напорната работа.