Роботот Zenbo е создаден да биде пријател со децата, постарите луѓе и со секој кој сака оваа верзија на BB-8 да биде дел од неговиот дом. Џони Ши од Asus го претставува роботот како чувар, помошник во кујната и семеен фотограф, пишува The Verge.
Истовремено, за што се може да послужи овој сладок робот дознајте од видеото, кое на прв поглед изгледа малку чудно.
Роботот исто така умее да пее, да танцува на музика, да раскажува приказни, дури и да работи како тутор на децата. Неговата цена изнесува 600 долари.