На Филипините се донесе интересен закон во интерес на зачувување на природната средина.
Според новиот закон,секој ученик што завршува средно образование, треба да засади 10 или повеќе дрвја. Дури тогаш ќе му биде признато образованието.
Традицијата на садење дрвја е формализирана со овој закон, а ова е одличен чекор кон борбата со климатските промени. Според предвидувањата, доколку законот навистина се почитува, од една генерација ќе бидат засадени околу 525 милијарди дрвја. Имено, повеќе од 12 милиони студенти завршуваат основно, 5 милиони средно и 500.000 завршуваат факултет. Па така, во една година, возможно е да се засадат барем 175 милиони дрвја. Математички, без проблеми би се засадиле околу 525 милијарди дрвја.
Дрвјата ќе бидат садени на посебни места и тоа во веќе постоечки шуми, напуштени рудни области, во урбани средини одбрани од властите и други заштитени области.
Одбраните видови ќе бидат локални дрвја кои најдобро одговараат на местото и климата.
Филипини е една од државите со најмалку шуми и во изминатиот век нивниот број се намалил од 70% на 20%. Поради малиот број дрвја, постојат повеќе поплави и лизгања на земјиштето кои дополнително ги оштетуваат останатите шуми и дрвја.