Пешачењето е одличен и многу погоден начин за одржување на физичката активност.
Истражувањата покажуваат дека просечниот човек на секој изоден километар троши околу 70 калории, што е речиси исто доколку трчате.
Оптимално е просечно да пешачите околу 30 минути дневно, 5 пати во неделата, притоа поминувајќи 3-4 километри.
Придобивките од редовното пешачење се рефлектираат на вашето расположение, го намалувате стресот и ја подобрувате моториката на вашето тело.
Доколку ви е приоритетно да ја намалите вашата телесна тежина, треба да внимавате на исхраната, но и да пиете поголеми количини вода.