Состојки:
Тесто:
600 гр брашно
3 лажички масло
Сол по желба
2 лажици квасец
200 мл млеко
100 мл вода
Фил:
Спанаќ
Младо сирење
Сол
Масло
Премачкување:
1 жолчка
1 лажица масло
Подготовка:
Замесете го тестото. Покријте го и оставете го да нарасне. Премесете го уште еднаш и повторно оставете да нарасне.
Премесете и поделете го тестото на два дела па фино обликувајте го.
Оставете го тестото и подгответе го филот.
Измијте го спанаќот и исечкајте го. Додадете го сирењето, малу сол и маслото па измешајте.
Размесете го тестото колку големината на плехот во кој ќе ја печете питата.
Префрлете го тестото во намрсениот плех за печење па преку него нанесете го филот. (филот можете да го ставите на средина а околу рабовите да распоредите само еден дел . Делот помеѓу оставете го празен )
Развлечете го вториот дел од тестото и покријте го со филот. Доколку филот сте го распоредиле во средината, кога ќе го прекриете тестото со второто тесто, на средината ставете сад.
Стиснете ги врвовите да не излегува филот и засечете со нож, па секој отсечен дел свтрете го нагоре.
Премачкајте со изматената жолчка и маслото и ставете го да се пече.
Откако е испечена погачата премачкајте ја со путер и покријте ја со влажна крпа.