Ова е една зеленчукова супа преполна со зеленило.
Вкусна е и здрава, па затоа направете ја уште денес.
Потребно е:
- 1 кг свеж спанаќ, убаво исчистен и обарен
- 1 страк праз, ситно исечкан (само белиот и светлиот дел)
- 1 свежо, луто пиперче, ситно исечкано
- 2 лажици путер
- 3 лажици маслиново масло
- 3 лажици ориз
- 200 гр фета сирење
- густ јогурт, за сервирање (или павлака)
- сол и бибер, по вкус
Подготовка:
Во теџере ставете ги маслото и путерот да се загреат и растопат. Ставете ги празот и пиперчињата и пржете на среден оган додека да омекне зеленчукот. Ставете три шолји жешка вода и додадете ги спанаќот, оризот, фета сирењето и зачинете со сол и бибер. Кога оризот ќе биде сварен, супата е готова.
Оставете малку да се олади и сервирајте со две лажици густ јогурт во чинија.