Земја без војска и криминал, каде луѓето живеат најдолго

Низ светот можете да посетите различни земји: големи и мали, богати и сиромашни, полни со природна убавина или бетонски „рајови“. Но, ниту една земја не е ни слична на Андора – земја во која 70% од површината е национален парк заштитен од УНЕСКО.

На еден дел од долгата граница помеѓу Шпанија и Франција се протега една мала, но многу убава земја, по име Андора. Претпоставуваме дека не знаете премногу за неа, па во продолжение ќе споделиме со вас неколку интересни факти.

Можеби е мала, но Андора е четиринаесеттата најстара држава во светот! Кога веќе зборуваме за тоа, треба да додадеме дека таа се протега на шеснаесеттата најмала државна територија во светот.

На чело на Монако се наоѓа принц, тоа веројатно веќе го знаете. Но, Андора оди еден чекор понатаму – оваа земја има ДВА принца кои ја делат власта. Интересно е што ниту еден од двата принца не живеат во Андора, бидејќи едниот принц секогаш е актуелниот претседател на Франција, а другиот е бискупот од Ургел (Шпанија). Овие позиции немаат никаква моќ.

Главниот град на Андора се вика Андор ла Вела и тој е највисокиот главен град на Стариот континент. Тој се наоѓа на 1.013 метри надморска височина.

Јапонците имаат најдолг очекуван животен век, а Андорците се веднаш зад нив. Со тоа, Андора има најдолг очекуван животен век од сите земји во Европа. Како и не би, кога во оваа земја нема за што да се нервирате.

Андора е единствената земја во светот каде што службен јазик е каталонскиот. Иако тој се зборува во Шпанија и Франција, само во Андора е заведен како службен. Покрај тоа, оваа земја нема војска, туку во случај на воен судир неа ја штитат шпанската и француската војска.