Земјата која годинава очекува да има најмногу туристи

Во 2018 година Куба ја посетиле 4.74 милиони туристи, а во земјата се надеваат дека во 2019 година бројката ќе надмине над 5 милиони.

Според Мигел Гибсон, сопственик на туристичката агенција Cuba Direct, оваа година ќе биде најважна за Куба кога станува збор за туризмот, особено поради разновидното сместување и цените на хотелите, но и поради поевтинувањето по мандатот на Обама.

„Куба има енергија како Карибите, Латинска Америка, Африка и Европа, во исто време е капиталистичка и социјалистичка, безбедна е и хаотична, но прекрасна, не постои место како Куба“, вели тој.

Што е тоа што ги привлекува туристите во Куба? Нискиот степен на криминал, гостопримливиот и добро расположен народ. Оваа година Хавана во ноември ја слави својата 500-годишнина, па е идеално време да ја посетите.