Повеќето луѓе не се подготвени да платат за летен одмор по пандемијата, а овие земји подготвија примамливи понуди во обид да ги намамат туристите.
Вратата ја отвори Сицилија кога секоја четврта вечер ја нуди бесплатно на туристите кои одлучуваат да го поминат летото на овој прекрасен остров.
Грција ги отвора плажите, но летувањето нема да биде како претходно
За разлика од северот на Италија, Сицилија не беше погодена од пандемијата и тие се подготвени да ја отворат летната сезона. За да привлечат што е можно повеќе туристи, островските власти сфатиле како да ги стимулираат и туристите и локалната економија. Секој турист кој плаќа најмалку три ноќи во Сицилија, ќе ја добие секоја четврта вечер на нивни трошок.
Државата издвои 50 милиони евра за уште еден стимул – ќе плати половина од авионскиот билет на туристите кои ќе слетаат на аеродромите во Катанија или Палермо!
Кипар објави дека ќе ги покрие трошоците за лекување на туристите кои ќе се заразат со коронавирусот.
Сакате да патувате летово? Ова се мерките за безбедност на ЕУ!
Бугарија е поскромна во стимулирање на туристите, но оние кои ќе решат да го поминат годишниот одмор на Црното Море, можат да очекуваат бесплатна употреба на лежалките и чадорите.
Јапонија издвои 12,5 милијарди долари за да го охрабри туризмот. Првиот чекор е да се покријат половина од цената на билетите за авион. Други субвенции ќе бидат дистрибуирани до локалните претприемачи за туризам.
Мексико веќе објави примамливи попусти и бесплатни бенефиции. На пример, локалните медиуми објавија изјава од здружението на хотелиери во најпознатото летно одморалиште Канкун, кое ја осмисли кампањата „2+1“. Ова значи дека секоја трета вечер ќе биде бесплатна за туристите, а ќе покрие и дел од цената на авионскиот билет.