Жени, еве како ќе имате подолг и среќен живот!

Хардварско истражување спроведено во женска болница во САД, открива кои жени живеат најдолго и најсреќно.

Станува збор за жени кои живеат во дом кој е опколен со зеленило.

Дамите кои живеат во области со многу растенија и зеленило имаат значително пониска стапка на смртност во однос на оние во региони со помалку природа.

Резултатите објавени од ова научно истражување се првата директна врска меѓу растенијата и здравјето на жените.

По извесно време, преселувајќи се да живее во куќа, со голем број на растенија и зеленило околу истата, една жена споделува дека резултатите од хардварското истражување се сосема точни.

„На прво место и многу значајно, зеленилото значително влијаеше во подобрување на мојата психичка состојба. Редовните прошетки во природа и зеленило навистина ги зголемуваат шансите на жените за подолг живот, со тоа што ја подобруваат нивната социјална комуникација, а секојдневното живеење крај зелена средина целосно го подобрува здравјето.“

Жената открила дека практикува секојдневни прошетки во парк, а исто така засадила бројни домашни билки и внатре во самиот дом. Според неа, тоа ќе им помогне на сите жени доколку имаат проблеми со честите промени во расположението и едноставно сакаат да го негуваат нивното ментално здравје.

Покрај тоа што зеленилото околу и во домот ќе ви го подобри психичкото здравје, според експертите, билките ефикасно ќе го прочистат воздухот во вашиот дом и ќе ја вратат пријатната атмосфера во нормала.

Доколку немате можност и услови за живеење покрај зеленило, тогаш експертите препорачуваат токму како што направила оваа жена, да си засадите што повеќе растенија во домот. Докажано е дека истите помагаат во борбата против депресијата и ви носат многу придобивки за вашето здравје.