Бијонсе во неделата го прослави својот 35-ти роденден, а сега имаме и фотографии од забавата.
Пејачката реши роденденот да го прослави со тематска забава во Њујорк односно во стилот на „Soul Train“.
Најмногу внимание секако привлече славеничката која пристигна со виткана коса, многу кратки шорцеви и бујно деколте.
А, на забавата се пресоблече во светкав тесен комбинезон.
Придружба секако и беше Џеј Зи кој носеше посмирена комбинација при пристигнувањето, за подоцна на забавата целосно да се трансформира.
На роденденската забава присуствуваа нејзината сестра Соланж, КЕли Роланд со сопругот, Пи Диди, Ашер, Алиша Кис и многу други славни пријатели на Бијонсе.