Лила Филиповска отсекогаш знаела да одбере екстра дестинација за одмор.
Оваа година изборот падна на преубавиот Лисабон, во кој максимално ужива. За да на сите им биде уште повеќе криво што не се таму Лила појде и до кај Кристијано Роналдо во посета.
Додуша само до неговиот хотел ЦР7, но за почеток може и така. Откај да знаеме можеби понатака ќе падне и некоја друга дружба, Роналдо секако има слабост на вака убави жени, а и Лила изгледа има слабост на него!
„Да не биде дека не сум ви кажала“ напиша Лила.