Сите знаеме дека има луѓе кои понекогаш уринираат во базен, но колку урина навистина има во базените?
Би се рекло доволно за да не посакате веќе да запливате.
Кога се истражува делотворноста на системот за пречистување на водата во базените, експерите говорат за БФА, односно за аналогна количина на телесни течности.
БФА претставува мешавина на пот, урина, првут и фекалии кои го претставуваат просечното присуство на материи кои потекнуват од пливачите и ја загадуваат водата во базенот.
Секој човек на водата и додава околу 25 милилитри БФА, од кои 6,3 отсто е урина. Присуството на урината во просечен базен е отприлика еден дел на милион делови вода.
Хлорот кој се става во базените реагира во допир со урината, но на тој начин од базенот се исфрлува само 1 процент урина на еден час.
Па, не заборавајте после секое пливање во базен да се истуширате.