Научници од бразилски универзитет открија дека очилата за сонце имаат рок на траење.
Имено, како што стои во резултатот од истражувањето, поради сончевото влијание, очилата, поточно стаклото го губи својството на заштита од ултравиолетови зраци и тоа е штетно за самите очи.
Затоа, очилата треба да се менуваат секои две години.
Доколку користите некој поквалитетен бренд, доволно е само да ги замените леќите.