Зошто е важно да се јаде цвекло

Цвеклото е верен пријател на човекот и на неговото здравје.

Овој зеленчук е неопходен во исхраната, особено во зимскиот период.

Карактеристичната црвена боја на цвеклото ја нема ниту еден друг плод.
Таа е резултат на билниот пигмент антоцијани, многу моќен антиоксиданс кој го спречува ширењето на туморите и го потпомага обновувањето на крвните клетки.

Благодарение на големите количини јод, цвеклото одлично се спротивставува на артериосклерозата и го забавува процесот на стареење на организмот.

Цвеклото содржи бетанин и бетаин,соединенија кои ја помагаат размената на материите, го регулираат крвниот притисок, го намалуваат нивото на холестерол во крвта, ги одржуваат исправни крвните садови, ја стимулираат работата на џигерот, жолчката и желудникот.

Најдобриот природен лек кој успешно помага во лечење на анемија е токму цвеклото благодарение на кобалтот, кој помага во создавање на витаминот Б12, неопходен за создавање на црвените крвни зрнца во крвта.

Цвеклото превентивно делува против вирусни воспаленија, настинки и грип, а докажано е и дека во голема мера ја намалува маснотијата во крвта.

Доволно е во текот на денот да се изеде една порција салата од свежо цвекло во комбинација со друг вид на зеленчук. Ќе имате многу енергија преку текот на целиот ден.

Консумирањето наутро чаша свежо цеден сок од цвекло значи продолжување на животот, како и успешно справување со болестите од секаков вид.

Внесете го цвеклото во вашата секојдневна исхрана и подобрете си го вашето здравје и живот!