Кејт Мидлтон и принцот Вилијамс се еден од најпознатите парови во свет, но од повеќето се разликуваат по тоа што скоро никогаш не се држат за раце.
Експерти за говор на телото откриваат зошто е тоа така.
Робин Кермоде, тврди дека Вилијам и Кејт, кои се во брак шест години, како пример ја земаат кралицата Елизабета.
„Кралицата многу ретко се држи за раце со својот сопруг и се чини дека тоа е непишано правило и за другите членови на кралското семејство“ .изјавил Кермоде, додавајќи дека е очигледно дека тиа двајца се емоционално многу блиски, но дека на официјални настани немаат потреба на сите да им ја покажуваат својата љубов и покажуваат дека се силен пар и независни личности.