Одговорот на прашањето зошто кучињата сакаат да копаат по сметот, можеби лежи во нашата заедничка историја.
Според голем број експерти, кучињата се припитомени од луѓето пред неколку илјади години, а нивнот далечен предок е волкот.
Во зимскиот период волците се приближувале кон населените места во потрага по храна.
Фрлените отпадоци, остатоците од храна и коските биле вистинско доживување за волците во денови кога ловот на крупен дивеч не бил успешен.
Може да се рече дека роварењето по сметот е врежано во генетскиот код на кучињата. Вишокот храна кој го фрламе за на нас е отпадок, но за кучињата тоа е ароматично доживување што мора да се проба.
Некои кучиња копањето по сметот го гледат како игра. Пластичните шишиња и истрошените ролни хартија од кучешки агол можат да бидат многу забавни играчки или нови предмети за џвакање. Во суштина корпите за отпадоци се одлични за тркалање и скокање.
Дури и ако може да се вдише некој интересен мирис на храна или коска, на кучешката среќа ќе и нема крај.
Кучиња научија и дека копањето по сметот е добар начин да се привлече вниманието на сопственикот. Ако прва реакција на сопственикот биде да му го земе од устата на својот миленик она што го извлекол од корпата, кучето тоа може да го сфати како игра на тегнење.
Ова за кучињата е многу позабавно отколку трчањето по нив во обид да им се одземе „новата играчка“.