Лепа Брена и Боба се решени наскоро да ја продадат својата луксузна вила на Бежаниска коса во Белград каде што живеат долги години.
Иако вилата за нив има големо значење и во неа имало многу спомени од нивниот живот сепак Брена и Боба се решени да ја заменат со некоја помала.
Како што велат извори за српските медиуми Брена иако имала многу убави спомени во таа вила сепак тука е и лошиот спомен од киднапирањето на синот Стефан, но главната причина била што во таа огромна вила ќе требало да живеат само таа и Боба со оглед на тоа дека децата им размислуваат за самостоен живот.
Кој ќе плати 2 милиони евра колку што во една прилика изјавила Брена дека вреди вилата за да стане нов сопственик чекаат сите…