Зошто не смеете да спиете со мокра коса?

Сигурни сме дека ова го применувате како правило, но дали сте се запрашале зошто не треба да се спие со мокра коса?

Некои би рекле дека тоа е затоа што влажноста ја лади главата и може да предизвика главоболки следниот ден. Ова, секако е точно.

Но, од друга страна, мократа коса е слаба и нежна. Доколку преспиете со коса завиткана во крпа или со мокра коса директно на перница, во текот на ноќта додека да се исуши, ризикувате да ја истегнете, а со тоа да ја направите и кршлива и тенка.

Штетите нема да се видат по првото спиење со мокра коса, но не дозволувајте тоа да ви стане навика.