Нови детали за кралската свадба се појавија во јавност.
Таткото и полу-братот на Меган Маркл не се поканети на нејзината свадба, која ќе се одржи на 19-мај во Британија.
Според извори блиски до кралското семејство, поради оваа ситуација, принцот Вилијам ќе ја однесе Меган до олтарот и ќе ја „предаде“ на неговиот брат принцот Хари.
Најновите информации велат дека Томас Маркл Џуниор е обвинет за смртни закани кон неговата девојка, дури и закани со огнено оружје, додека нејзиниот татко едноставно не знае да „си го држи јазикот зад заби“, па е доволна причина тие да не се поканети на свадбата.