Зошто се слави Стара Нова година

Секоја година празнуваме Нова година двапати.

Еднаш на првиот ден од новата година според светскиот календар, а вториот пат празнуваме на вечерта на 13 јануари.

Дали знаете зошто ја празнуваме Стара Нова година?

Постојат два календари, Јулијанскиот и Грегоријанскиот.

Источната православна црква и понатаму го користи Јулијанскиот календар, а според него новата година почнува на 14 јануари од Грегоријанскиот календар. Официјално, насекаде низ светот Нова година се слави водејќи се според Грегоријанскиот календар и овој датум е општо прифатен.

На 1 јануари се дочекува Новата година, но покрај тоа се празнува и Обрезание Господово и Свети Василиј Велики.

Кај земјите кои го имаат прифатено Јулијанскиот календар, 1 јануари претставува државен празник, но верските празници Обрезание Господово и Свети Василиј Велики се празнуваат на 14 јануари. Оттука доаѓа и терминот Стара Нова година, која се дочекува на 13 јануари.

Можеби 1 јануари е општоприфатен низ светот како почеток на новата година низ светот, многу христијански верници сметаат дека 1 јануари е само формалност и дека токму на 14 јануари за нив почнува новата година.

Оваа традиција постои во Македонија, Србија, Црна Гора, Белорусија, Украина, Русија, Ерусалим, но и во некои германски кантони во Швајцарија и во некои делови во Шкотска.