Зошто скршеното огледало носи несреќа?

Ова верувања датира од дамнешни времиња кога изработката на огледало била многу скапа, зошто се правело од ретки материјали, како што е вулканското стакло.

Венецијанските мајстори од 15 и 16 век не сакале да го откриваат занаетот, но за да уште повеќе ја издигнат вредноста на својот труд, потикнале приказна дека оној кој го скрши тој предмет ќе биде несреќен.

Старите Римјани имале своја теорија, верувајќи дека огледалото ја „лови“ душата додека се гледаме во него, па така ако го скршиме, таа останува растурена во парчињата и потребно е да поминат седум години за да се обнови.

Можеби од таа причина во некои краеви постои обичај да се покриваат огледала и стакла во куќата кога некој ќе умре, за душата да може да замине незабележливо.

огледало