„Беше вистинска привилегија да се работи со Бо, таа е неверојатна, независна дама која е олицетворение на безвременски стил“
Вака ја започнуваат приказната креативците на чело на кампањата, чија идеја беше едновековното постоење на британскиот Vogue да се прослави со насловна страница, која ја краси Марџори „Бо“ Гилберт, 100-годишна старица од Јужен Велс.
Зарем има подобар начин за одбележување на ваков голем и значаен јубилеј?
Бабичката од насловната грациозно позира во очила на Valentino, циклама наметка од Dries Van Noten и блуза од колекцијата на Victoria Beckham.
Во интервјуто кое ќе се појави во јунското издание на Vogue, симпатичната Бо вели дека живее сама, но никогаш не излегува без високи потпетици и шминка.
И секако, не се дотерува за мажи, туку исклучиво за себе.
Погледнете го видеото во кое Бо зборува за нејзината модна инспирација Одри Хепберн, модата од минатото и нејзината желба да биде секогаш беспрекорно средена.